19. јули 2007. - Службата за Заштита на авторските и музичките права при Хрватскиот сојуз на композитори, собрала над 71 милион куни (9,7 милиони евра) од емитување домашна музика на вкупно 120 радиски и ТВ-станици. Според нивниот извештај, минатата година најмногу изведувани биле Џибони, Тоше Проески, Лана Јурчевиќ, Жак Хоудек и други.Листата на најизведувани песни во 2006. година, ја предводи Тоше Проески со песната Срце није камен, а по него следи Права љубав од Лука Нижетиќ и Лана Јурчевиќ. На листата се наоѓаат и Тони Цетински, групата Е.Т., Дражен Зечиќ, Весна Писаровиќ, Жак Хоудек и клапата Маслина.
Штикла на Северина е најбарана мелодија за мобилните телефони во минатата година, а по неа следи Светица на Шкоро.
Повеќе информации ќе најдете на web-страната на Вечерњи лист.